Египетскиот селектор, Парондо: Среќен сум поради Македонија, имам убави спомени!

Фото: EPA-EFE/ALEJANDRO GARCIA

Роберто Парондо кој успеа со Вардар 1961 да ја освои Лигата на шампионите, моментно е селектор на репрезентацијата на Египет.

Токму на Светското првенство кое го одржуваат токму Египќаните, шпанскиот стратег е еден од противниците на Македонија во групата „Г“. Парондо беше среќен после успешниот старт на неговата селекција и победата над Чиле (35:29).

– Навистина сум задоволен од победата и се надевам дека ова ќе биде долг шампионат за нас. Игравме навистина добро и во одбраната, и во нападот. Не можам да барам повеќе. Морам да му честитам и на Чиле и им посакувам сè најдобро до крајот на турнирот. Ѝ честитам на Владата на Египет и на сите во организацијата за ваквиот голем настан.

Ел Ахмар (десен бек) има проблеми на грбот и мислев дека е добро да го чувам за дуелите со Македонија и Шведска. Нема никакво казнување или нешто слично, далеку од тоа. Им честитам на Македонците на доаѓањето во Египет, но истовремено жал ми е што отпадна Чешка. Таа ситуација секако не е лесна за тренерот, бидејќи со месеци се подготвувавме за Чесите, а сега имаме многу кратко време да се подготвиме за тотално поразличен противник. Среќен сум поради Македонија, имам убави спомени од Скопје – рече Парондо.

Мечот помеѓу Египет и Македонија ќе се игра в сабота од 18.00 часот.

Ракометни ѕвезди кое нема да играат во Египет: Карабатиќ, Винцек, Пекелер, Екберг, Палмарсон, Дибиров…

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот