Ракометни ѕвезди кое нема да играат во Египет: Карабатиќ, Винцек, Пекелер, Екберг, Палмарсон, Дибиров…

Светското ракометно првенство кое денеска започна во Египет ќе биде ослабено за едни од најдобрите ракометари на денешницата кои поради повреди или страв од пандемијата на коронавирусот, Мундијалот ќе го следат пред ТВ екраните.
Најголема ѕвезда која ќе недостасува во Египет е Никола Карабатиќ, еден од најдобрите ракометари на сите времиња. Карабатиќ не успеа да се опорави навреме, а селекторот Жил во последен момент остана и Пранди со што Франција во долго време нема да биде главен фаворит за освојување на трофејот.
Најголеми проблеми има германскиот селектор Алфред Гисласон кој нема да може да смета на столбовите во одбраната, Патрик Винцек и Хендрик Пекелер кои не сакаа да ризикуваат со коронавирусот, а идентичен став имаше и Штефен Вaихолд, додека Колбахер, Сутон, Семпер и Виде се повредени.

Уште поголеми проблеми има првиот противник на Македонија, селекцијата на Шведска на која и недостасуваат дури осум ракометари, Екберг, Лукас Нилсон, Андреас Нилсон, Јепсон, Нилсен, Апелгрен, Лагерген, Арнесон. Дел од нив нема да играат поради повреди, а дел бидејќи се позитивни на коронавирус.
Светското првенство во Египет ќе биде посиромашно и за Расмус Лауге кој е еден од клучните играчи во данската репрезентација. Данците се послаби и за Каспер Мортенсен и за позитивниот на коронавирус Хенрик Тофт Хансен.
Европскиот шампион Шпанија во Египет допатува без Агинагалде и Гурбиндо.
Исланд е ославен за неиграњето на најдобриот ракометар Арон Палмарсон, Словенците ќе бидат без Гашпер Маргуч, Австијците без Билик и Божовиќ, а Русија без вардарците Дибиров и Калараш како и поранешниот вардардер Павел Атман кој исто така нема да игра во Египет.
Хрватска ќе настапи без ракометарот на Е. Пелистер, Лука Степанчиќ како и Домагој Павловиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот