Фото: Alexego01 / GoodFon

Една многу важна работа: Докторка објасни што ги разликува сардините од другите конзервирани риби

Рибата е одличен извор на протеини, масни киселини и хранливи материи, а конзервираните сардини се особено популарни.

Многумина се прашуваат дали конзервираната храна е навистина здрава и хранлива.

Нутриционистката д-р Џес Кординг откри дека, според зборовите на експертите, најздравата конзервирана храна се сардини, но и другите конзервирани риби.

Тие се добар извор на протеини и се многу едноставни бидејќи не бараат долга подготовка или готвење.

Составот на конзервирани сардини

Д-р Кординг објаснила дека користењето конзервирана риба во исхраната има бројни здравствени придобивки.

„Конзервираните сардини обично имаат помалку жива од многу други видови риби и се сметаат за еден од најдобрите избори за морска храна, особено ако свежата не е достапна“, рекла таа.

Кога јадеме сардини, додала д-р Кординг, добиваме многу протеини, витамин Д и антиинфламаторни омега-3 масни киселини, а маслиновото масло обезбедува мононезаситени масти здрави за срцето.

Експертите препорачуваат две до три порции конзервирани риби неделно, измешана со тестенини или сами, а можете да ги додадете и во разни салати, пишува „Мајнд боди грин“ (Mind Body Green).

 

 

 

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот