Единаесетто издание на Фестивалот на креативен документарен филм „Македокс“

Единаесеттото издание на Фестивалот на креативен документарен филм „Македокс“, што ќе се одржи во периодот од 19 до 26 август, во паркот кај МКЦ и во летното кино на Кинотеката, ќе биде посветено на звукот и тишината, а картите веќе можат да се купат онлајн, преку мрежата mktickets.mk.

Програмата на фестивалот ќе биде реализирана под мотото „Слеј се со тишината“, според истоимената стихозбирка на Ацо Шопов од 1955 година.

Годинава фестивалот ќе се одржи во хибридно издание – ќе има проекции и настани во живо на отворен простор и настани што ќе се одржат он-лајн на интернет. Филмските проекции што ќе се одвиваат во живо паралелно ќе може да се следат и на интернет-платформа, што овозможува програмата да биде достапна низ целата држава. Поради пандемијата на коронавирусот годинава нема да дојдат гости од странство, но голем дел од авторите на филмовите на фестивалот ќе присуствуваат виртуелно.

– Покрај сите глобални случувања со пандемијата на коронавирусот, успеавме да го организираме фестивалот со целата програма што беше замислена уште лани – истакнува Дарко Набаков, еден од селекторите на програмата.

Фестивалската програма ќе биде отворена на 19 август со проекција на документарните филмови „Спиењето на Макс Рихтер“ за композиторот Макс Рихтер и „Зборувај за да те видам“, портрет за Втората програма на белградското радио.

Покрај Главната програма, „Македокс“ ќе ги има и категориите Нови автори, Кратки документарци, Студентска програма и Детска програма.

Земја во фокус е Холандија, во рамките на што ќе бидат прикажани шест нови документарни остварувања.

Интервју со Сара Ферро и Дарко Набаков од фестивалот „Македокс“: Квалитетната програма не треба да трпи компромис

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот