epa-efe
Фото: EPA/SEAN MASTERSON

ВИДЕО | Еди Марфи тврди дека „нема пари“ за кои би ја повторил својата култна улога

Откако стана огромна ѕвезда како стенд-ап комичар, сензација во емисијата „Сабота навечер во живо“ (Saturday Night Live) и холивудски актер од А-листата во текот на 80-тите, во моментите кога сè што ќе го носеше неговото име гарантираше публика и заработка, пријателите на Еди Марфи му го дадоа прекарот – „Money“ (Пари), пренесува магазинот „Фар аут“.

Еди го сними филмот „Best Defense“, кој подоцна го опиша како „најлошиот филм некогаш снимен во историјата на што било“, а улогата ја прифатил затоа што му беше понудена огромна сума пари за минимално учество.

Јасно е дека Еди Марфи е подготвен да биде добро платен за својата работа, а неговите последни два споменати филма, како и франшизите „Shrek“, „Beverly Hills Cop: Axel F“ и „Coming 2 America“, покажуваат дека тој нема проблем да им се враќа на старите улоги, без разлика дали од уметнички или од комерцијални причини.

Еди Марфи во филмот „Dreamgirls“ / Фото: David James / Entertainment Pictures / Profimedia

Сепак, во средината на 90-тите, некогаш доминантниот Марфи доживеа неколку филмски промашувања по ред, што ги натера многумина да се запрашаат дали неговата кариера како главна ѕвезда дојде до својот природен крај.

Дејвид Спејд со сигурност го мислеше тоа, а неговата шега на сметка на филмот „Vampire in Brooklyn“ во режија на Вес Крејвен доведе до тоа Марфи во наредните три децении целосно да се оддалечи од шоуто „Сабота навечер во живо.

За да им докаже на критичарите дека сè уште може да ги полни киносалите, Марфи тогаш отиде на сè или ништо и одигра дури седум ликови во филмот „The Nutty Professor“. За својата работа доби номинација за Златен глобус, а некои сметаат дека заслужи и повеќе. Бидејќи филмот заработи речиси 275 милиони долари на благајните, продолжението беше неизбежно.

Вториот дел, „The Nutty Professor II: The Klumps“, беше значително помалку успешен, заостанувајќи повеќе од 100 милиони долари, иако Марфи овој пат дополнително го подигна влогот со тоа што одигра дури осум ликови.

За време на снимањето на двата филма, тој поминуваше огромен дел од времето на столот за шминкање за да биде трансформиран во секој од нив, а да не ги споменуваме и исцрпувачките сцени на самиот сет каде што мораше да глуми сам со себе.

Новинарите во една пригода го прашаа дали публиката некогаш повторно би ја повторил таа улога актерот одговори:

„Неееее. Тоа никогаш нема да се случи. Премногу работа е во прашање“.

Враќањето на една улога е сосема доволно, особено ако е добро платено, но според неговите зборови, нема доволно пари на светот што би го убедиле повторно да ја игра целата налудничава фамилија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот