Еден од најталентираните македонски фудбалери останува во ФК Работнички

Методи Максимов и спортскиот директор на ФК Работнички, Горан Станковски/Фото: fkrabotnicki.com

Спортскиот директор на клубот Горан Станковски е задоволен што Максимов ја обнови соработката со Работнички.

Еден од најталентираните македонски фудбалери, Методи Максимов, останува во дресот на „романтичарите“ до 2024 година.

Тој потпиша нов договор и ќе остане дел од прволигашкиот клуб и во наредниот период.

– Раководството на клубот покрај ангажманот на нови засилувања, максимално е фокусирано и на соодветна грижа за фудбалерите кои се нашето богатство и клупска иднина. Во таа насока, среќни сме што ја обновивме соработката со Методи Максимов. Тој е еден од најталентираните македонски фудбалери, младински репрезентативец и веруваме дека е светла иднина на клубот – вели Станковски.

– Чест ми е што го носам дресот на Работнички. Во овој клуб се изградив како фудбалер и ја добив шансата да се наметнам и благодарен сум за тоа. Се надевам дека во иднина ќе оствариме уште многу заеднички успеси – рече Максимов.

Официјално: Баџие и Дарбо се новите „романтичари“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот