Официјално: Баџие и Дарбо се новите „романтичари“

Фото: Ебрима Баџие и Ламин Дарбо во нападот на ФК Работнички/Фото: fkrabotnicki.com

Работнички го засили нападот со двајца интернационалци од Гамбија, Ебрима Баџие (22) и Ламин Дарбо (18) се нови фудбалери на скопскиот клуб.

Баџие може да настапува како офанзивен играч за врска и како крилен напаѓач, а доаѓа од тимот на Брикама јунајтед од Гамбија.

– Среќен сум што добив шанса да настапувам за Работнички. Ќе дадам сè од себе за да му помогнам на тимот да ги оствари целите во новата сезона – вели Баџие.

Дарбо е централен напаѓач и исто така има настапувано во првенството на Гамбија. Тој е помлад брат на Дембо Дарбо, кој во минатото настапуваше за Шкупи.

– Запознаен сум квалитетот на првенството во Македонија и за мене тоа е голем предизвик. Ќе се потрудам да ја оправдам довербата – се зборовите на Дарбо за клупскиот сајт.

Видео на денот