Мери Елизабет Мастрантонио - Фото: / Hollywood Archive / Profimedia

ФОТО | Ѕвездата на „Скарфејс“ без комплекси: Се вози со метро во Њујорк

Американската актерка Мери Елизабет Мастрантонио, која ја толкуваше Џина во култниот филм „Лице со лузна“ („Скарфејс“) била снимена како се вози со метро во Њујорк и со својата приземност ги воодушеви луѓето на социјалните мрежи. Таа е сликана во сосема лежерно издание, додека се враќала од шопинг, а на социјалните мрежи веднаш пристигнале и првите реакции.

„Вака се однесува вистинска ѕвезда без комплекси“, „Мери Елизабет Мастрантонио е доказ дека сите славни не се разгалени“, „Поради ова е кралица“, се само дел од реакциите.

Мери Елизабет Мастрантонио – Фото: Инстаграм/actresstheatre
Мери Елизабет Мастрантонио – Фото: Инстаграм/actresstheatre

Мастрантонио ја почнала кариерата на Бродвеј, како замена во обновената верзија на мјузиклот „Приказна од западната страна“ во 1980 година. Само три години подоцна дебитираше во класичното остварување на режисерот Брајан де Палма, „Скарфејс“ („Лице со лузна“), каде што ја глумеше сестрата на Тони Монтана, главниот лик што го толкуваше Ал Пачино.

Мери Елизабет Мастрантонио – Фото: Инстаграм/actresstheatre

Потоа следуваа низа забележителни улоги. Таа се појави во филмот „Бојата на парите“ заедно со Том Круз и Пол Њуман, улога што ѝ донесе номинација за Оскар за најдобра споредна актерка.

Значајна улога имаше и во „Робин Худ, принцот на крадците од 1991 година, покрај Кевин Костнер и Морган Фримен. Меѓу нејзините познати филмови се и „Амбисот“ од 1989 и „Совршената бура“ од 2000 година.

Мери Елизабет Мастрантонио – Фото: Инстаграм/actresstheatre

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот