Џорџ Клуни го искритикува Трамп: „Тоа е воено злосторство“, Белата куќа возврати со навреди
Џорџ Клуни им возврати на Белата куќа и Доналд Трамп откако тие ги критикуваа неговите актерски способности, кога го обвини претседателот за извршување воени злосторства поради неговите закани кон Иран. Во нова изјава која ја сподели „Холивуд репортер“, добитникот на Оскар ја нападна администрацијата на Трамп, велејќи дека нема време за „инфантилни навреди“ кога се случуваат посериозни работи во светот и во САД.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Во својата изјава, Клуни рече:
„Некои велат дека Доналд Трамп е во ред. Но ако некој сака да уништи цивилизација, тоа е воено злосторство. Можете да ги поддржувате вашите конзервативни ставови, но мора да постои граница на пристојност, и таа не смее да се премине“.
На ова реагираше директорот за комуникации на Белата куќа, Стивен Чанг, со твит на Икс:
„Единствен кој прави воени злосторства е Џорџ Клуни поради неговите ужасни филмови и катастрофални актерски способности“.
Клуни веднаш возврати, критикувајќи ја администрацијата за „инфантилни навреди“ во време кога светот и САД се соочуваат со сериозни проблеми:
„Семејства ги губат своите најблиски, деца страдаат, светската економија е на работ на катастрофа. Ова е време за сериозна дебата на највисоко ниво, не за детски навреди. Почнувам јас: Воено злосторство се дефинира како намерно физичко уништување на нација, согласно Конвенцијата за геноцид и Римскиот статут. Која е одбраната на администрацијата? Освен тоа што ме нарекуваат неуспешен актер, што со задоволство го прифаќам бидејќи сум глумел во „Бетмен“ и „Робин““.
Ова не е првпат Клуни и Трамп да се соочуваат јавно. Претходно, Трамп го нарече Клуни „второстепена филмска ѕвезда и неуспешен политички експерт“.
„Не ми е гајле. Мојата работа не е да му угодувам на претседателот“, заклучи Клуни, потврдувајќи дека нема намера да се повлече од своите ставови.


