Џон Литгоу ќе го глуми Дамблдор во серијата за Хари Потер: „Улогата ќе го дефинира последното поглавје од мојот живот“
Новата серија за Хари Потер на Ејч-би-о е во полн ек, а сега за првпат е потврдено кој ќе го игра ликот на професорот Дамблдор.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Имено, таа чест му припадна на повеќенаградуваниот актер Џон Литгоу, кој се прослави со улогите во сериите „Третиот камен од сонцето“, „Круна“ и „Декстер“. Литгоу е исто така една од ѕвездите на филмот „Конклава“, номиниран за престижната награда Оскар.
Како што пишува „Еуроњуз“, актерот изјавил дека оваа улога му била целосно изненадување.
„Добив повик додека бев на филмскиот фестивал ‘Санденс’ и не беше лесно да се донесе оваа одлука бидејќи ова, се плашам, ќе го дефинира последното поглавје од мојот живот. Но, јас сум многу возбуден. Убавите луѓе повторно се свртуваат кон ‘Хари Потер’. Затоа беше толку тешка одлука. Кога ќе заврши серијата, ќе имам околу 87 години, но реков ‘да’“, изјавил Литгоу.
Неговата пресметка треба да биде точна, бидејќи HBO планира серија од седум сезони, од кои секоја ќе адаптира по една книга.
Тие имаат намера тоа да биде „верна адаптација со нова актерска екипа која ќе им се допадне на новата генерација фанови, полна со фантастични детали и сакани ликови кои обожавателите на „Хари Потер“ ги обожаваат повеќе од 25 години“.


