Џејсон Момоа за првпат се појави во јавност со 12 години помладата девојка од него
Џејсон Момоа присуствуваше на концертот по повод 50-годишнината на „Saturday Night Live“ во Њујорк со неговата 12 години помлада девојка, актерката Адрија Арјона.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Jason Momoa and Adria Arjona made their red carpet debut at the “SNL50” concert in NYC on Friday. The couple looked happy, posing arm-in-arm. pic.twitter.com/QXvdpCvcM0
— Bipul Das (@BipulTweets) February 17, 2025
Ова беше нивно прво појавување во јавноста откако во мај минатата година беше откриено дека се заедно.

Адрија за овој настан избра црн фустан кој го искомбинира со црни потпетици и чанта, додека Момоа носеше фармерки, црна маица и кожна јакна.
Пред оваа врска Момоа беше во брак со Лиза Бонет, која е 12 години постара од него, со која има две деца. Разводот се случи во јануари 2024 година.
Врската со Арјон ја потврди минатата година со објава на Инстаграм, кога беше во посета на Јапонија, а меѓу фотографиите беа и оние со новата партнерка.
„Многу сме им благодарни на сите што ги отворија своите домови, правејќи спомени со нови пријатели и стари пријатели, споделувајќи уште една неверојатна авантура со мојата љубов“, напиша актерот во објавата.


