Две кинески провинции и градови наредија носење заштитни маски поради новиот коронавирус

Фото: EPA-EFE/WALLACE WOON

Маските се задолжителни во централниот град Вухан од каде почна епидемијата.

Две кинески провинции меѓу кои јужната кинеска провинција Гуандонг која е со најголемо население, ги обврзаа денеска своите над 110 милиони жители да носат заштитни маски за да не се заразат со епидемичната вирусна пневмонија, соопштија локалните власти.

Маските се задолжителни во централниот град Вухан од каде почна епидемијата.

Мерката е потребна во провинциите Гуангдонг на југ и Џиангси во централниот дел, плус источниот град Нанџинг, градот Масаншан во провинцијата Анхуи и градот Ксинианг во Хенан, според локалните власти.

Министерството за индустрија и информатичка технологија на Кина соопшти дека „ќе вложи исклучителни напори за непречено снабдување со маски”, откако побарувачката енормно се зголеми.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот