Две изложби на Џони Деп од петок до 24 мај во Германија – цените достигнуваат и до стотина илјада евра
Уметнички слики од холивудската ѕвезда Џони Деп се изложени во две галерии во покраината Хесен, Германија. В петок се отвора изложбата во галеријата „Билдер Фукс“ во Фулда, а еден ден подоцна во галеријата „Арт“ во Висбаден, пишува ДПА.
Препорачано
Двете изложби се отворени до 24 мај.
Меѓутоа, обожавателите кои се надеваат дека ќе го видат актерот во живо ќе се разочарат – Деп нема лично да дојде во Хесен да ги претстави своите дела.
Од Фулда и Висбаден наведуваат дека интересот е огромен. Првпат во Германија, сликите на Деп беа прикажани пред околу еден месец во гратчето Емендинген во Баден-Виртемберг.
Во Фулда и Висбаден ќе биде прикажана селекција од графиките на Деп, вклучувајќи мотиви од колекциите „Рефлексии“, „Создавањето на Човекот-зајак“, „Милениче“, „Дебелокожец“ и „Куќата што ја изгради Џони“.
Исто така, тука спаѓаат и уникатни дела, вклучувајќи акварели, цртежи и монографии.
Цените на делата на Деп се од 995 евра за нумерирани и рачно потпишани изданија, кои во овој жанр можат да достигнат и до 7.000 евра.
Уникатните дела почнуваат од околу 10.000 евра, а можат да достигнат и шестцифрена цена.
Кустосот од Фулда, Томас Сток, како особено интересна ја истакнува колекцијата „Миленичиња“, бидејќи во неа Деп ја прикажува емоционалната исцрпеност во тешката фаза од животот.
Деп првпат ги претстави своите слики во 2022 година, а оттогаш имал изложби во Њујорк, Лондон и Токио.
View this post on Instagram


