Две бронзи од Европското првенство во карате за кадети, јуниори и У21

фото: Карате федерација на Македонија

На Европското првенство во карате за кадети, јуниори и помлади сениори У21, што се одржуваше од 3 ди 5 февруари 2023 година во Ларнака, Кипар, македонските репрезентативци во дисциплината У21 кумите -84 и +84 кг. Витомир Трајковски и Стефан Стојановиќ, освоија бронзени медали.

Трајковски во првото коло го победи претставникот од Италија, Фиоре Матео со 2:1, во второто коло победа против Португалецот Миранда Хозе со 4:3, во третото коло го победи Хрватот Александар Калабаќ со 4:1, додека во четвртото коло претрпе пораз од Украинецот Максим Бухајов со 1:2.

Понатаму во репасажот извојува победа против претставникот од Белгија Данил Анисиво на изјаснување при резултат од 4:4 со што нашиот натпреварувач го освои третото место и бронзениот медал.

Стојановиќ во првото коло го победи претставникот од Грузија, Мераби Гелашвили со 2:0, во второто коло го победи претставникот од Ирска, Ли Шеридан со резулат 2:0, во третото коло извојува победа против претставникот од Чешка со резултат 4:3, и во четвртото коло загуби од Италијанецот Матео Аванчини со 4:5. Во репасажот се сретна со претставникот од Словачка, Малик Багаев против кого избори трето место и бронзен медал со резултат 4:0.

Од останатите наши каратисти, во женска конкуренција најуспешни беа Викторија Јовановска во категоријата У21 -61 кг. со освоено петто место, седма позиција за Симона Николовска во категоријата У21 +68, и четири деветти места од кои тројца во У21 Бојан Костов, Марио Свинарски, Јусра Адеми и во јуниорска конкуренција Греса Мустафаи.

– Генерално сум задоволен од настапот на сите репрезентативци иако можеше многу подобро. Меѓутоа две трети места, едно петто и едно седмо место е солиден настап за мене како селектор. Останува да работиме уште по напорно и да се средат сите мани кои ги увидовме. Натпреварувачите и целата делегација беа на висина на својата задача мотивирано и сите заедно сложно до крај дадоа поддршката во остварување на конечниот резултат – вели селекторот на У21, Мартин Несторовски.

На ова натпреварување учествуваа вкупно 1114 каратисти од вкупно 48 држави.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот