Илустрација / Фото: Pexels / Waldemar

Дваесетгодишно момче освоило 8 милиони евра на лотарија и се вратило на работа: Татко ми вели дека морам да работам

Џејмс Кларксон (20) е првиот добитник на овогодинешната британска лотарија, кој го освои џекпотот во износ од 7,5 милиони фунти или околу 8,8 милиони евра. Кога биле извлечени добитните броеви, Џејмс бил кај својата девојка, која не му поверувала кога ѝ кажал дека го освоил џекпотот, пишува „Би-би-си“.

„Мојата девојка ме погледна сонливо и ми рече „не, ти не победи“, се сврте и заспа“, рекол тој. Кога се вратил дома и неговото семејство заѕвонило на линијата на Национална лотарија, биле во шок. „Мислам дека тогаш почнав да се смеам. Помислив: „Ова е толку лудо!“, рекол тој.

Среќниот добитник ја прослави победата со семејството и пријателите со шампањ, но ден по победата направи нешто што многумина не би го направиле на негово место – си се вратил на работа.

“Денот откако дознав дека го освоив џекпотот, бев таму обидувајќи се да ги поправам блокираните одводи. Беше малку темно, но тоа е реалноста. Нема да престанам да работам, премногу сум млад”, откри Џејмс, кој сака да стане машински инженер.

“Морам да имам цел во животот. Освен тоа, татко ми и онака не ми дозволуваше да престанам да работам. Тој вели дека има многу милионери кои сè уште работат, а и ми треба причина да станувам секој ден”, рекол тој.

Инаку, Џејмс, меѓу другото, резервирал луксузен одмор во Зеленортските Острови и купил дизајнерски работи, а планира да им ја исплати и хипотеката на родителите и да си купи Ауди. Тој е голем фан на Манчестер Сити, па ќе се почасти со претплата на сезоната.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот