Два додатоци на исхраната што не треба да ги земате, ако сакате да го зачувате здравјето на црниот дроб
Се чини дека денес постои додаток во исхраната за речиси секој проблем. Иако суплементите не се ништо ново, социјалните мрежи често ги претставуваат како брзи и универзални решенија, од детоксикација до хормонални проблеми. Но, лекарите предупредуваат дека тоа не е секогаш безопасно.
Препорачано
– Додатоците во исхраната не се корисни за секого само затоа што се достапни без рецепт – вели гастроентерологот и хепатолог д-р Џен Батисти за „Парада“.
– Додатоците во исхраната не се толку строго регулирани како лековите, па затоа нивната чистота и состав не се секогаш сигурни – додава нејзиниот колега д-р Шалом З. Фрагер.
Токму затоа некои од нив можат сериозно да влијаат на здравјето на црниот дроб. Тие истакнаа два додатоци во исхраната кои во големи количини можат да му наштетат на црниот дроб.
Витамин А
Лекарите предупредуваат дека прекумерниот внес на витамин А може да го оптовари црниот дроб.
– Прекумерните количини на витамин А можат да се складираат во црниот дроб и да ги нарушат неговите нормални функции објаснува – д-р Батистас.
Црниот дроб има клучна улога во филтрирањето на токсините, метаболизмот и создавањето важни супстанции за телото, па затоа е чувствителен на такви оптоварувања.
Иако витаминот А игра важна улога во здравјето на видот, имунолошкиот систем и кожата, неговиот вишок може да предизвика сериозни проблеми.
– Премногу витамин А може да доведе до оштетување на црниот дроб, воспаленија, па дури и цироза – предупредува д-р Фрагер.
Затоа лекарите советуваат овој витамин првенствено да се внесува со храна, како што се моркови, јајца, лосос и лиснат зеленчук.
Железо
Железото е важно за создавањето крв и правилно функционирање на телото, но во поголеми количини може да стане штетно.
– Железото се складира во црниот дроб, а неговиот вишок може да предизвика оштетување на клетките – објаснува д-р Руча Шах, гастроентеролог и хепатолог.
Иако често се зборува за недостигот на железо, неговиот вишок може да остане незабележан.
Прекумерните количини на железо можат да го поттикнат создавањето лузни на црниот дроб и да ја нарушат неговата функција на долг рок.
– Токсичноста на железото може да доведе до оштетување на ткивото на црниот дроб и создавање лузни -предупредува д-р Шах.
Лекарите нагласуваат дека повеќето луѓе можат да внесат доволно железо преку исхраната, без суплементи.
Како да се заштити здравјето на црниот дроб?
– Одржувајте урамнотежена исхрана со помалку преработена храна, шеќер и заситени масти.
– Избегнувајте алкохол, кој може да ги оштети клетките на црниот дроб.
– Пијте доволно вода за црниот дроб да може правилно да функционира.
– Редовно движете се и одржувајте здрава телесна тежина.
– Земајте додатоци во исхраната само по препорака на лекар.


