Дури 40 земји би можеле да ги бојкотираат ЛОИ Париз 2024

EPA-EFE/IAN LANGSDON

ИОК објави дека ќе „истражи можност“ да им дозволи на руските и белоруските спортисти да се натпреваруваат во Париз под неутрално знаме, што предизвика најави за бојкот на ЛОИ од повеќе земји

Дури 40 земји би можеле да ги бојкотираат ЛОИ 2024 Париз, што ќе го направи целиот настан бесмислен, изјави полскиот министер за спорт и туризам Камил Бортничук. За ова јавува Би-Би-Си.

Изјавата следуваше откако Полска, Литванија, Естонија и Летонија заеднички го отфрлија планот на Интернационалниот олимписки комитет (ИОК) да им дозволи на Русите и Белорусите да се натпреваруваат на ЛОИ 2024.

Украина се закани дека ќе ги бојкотира Игрите во Париз ако тоа се случи. Но, ИОК возврати дека секој бојкот само ќе ги „казнува спортистите“. Според Бортничук, би било можно да се изгради коалиција од 40 земји, вклучувајќи ги Велика Британија, САД и Канада, за да се поддржи блокадата на плановите на ИОК пред состанокот на 10 февруари.

– Ако ги бојкотираме Игрите, коалицијата во која ќе бидеме дел ќе биде доволно широка за да го направи одржувањето на Игрите бесмислено – смета полскиот министер.

ИОК објави дека ќе „истражи можност“ за да им дозволи на руските и белоруските спортисти да се натпреваруваат во Париз под неутрално знаме, додавајќи дека „ниту еден спортист не треба да биде спречен да се натпреварува само поради својот пасош“…

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот