Артан Груби, Бујар Османи и други функционери на ДУИ играат фудбал во Министерството за односи меѓу заедниците во времето во кое биле примени сега отпуштените службеници / Фото: Фејсбук / Артан Груби

ДУИ: Отпуштените службеници немале достоинствени услови за седење без работа

Тие морале да носат ќебиња од дома и да седат на земја бидејќи немале никаков ангажман, објасни опозициската партија

Демократската унија за интеграција (ДУИ) реагираше околу отпуштањето на службеници од Министерството за односи со заедниците, откако министерот Иван Стоилковиќ објави видео на кое се гледа дека овие службеници имале наместено импровизиран кревет во една од канцелариите.

Од ДУИ вработените кои добија отказ ги нарекуваат „Албанци“ и обвинуваат дека нивната етничка припадност е причина за отказите, не споменувајќи дека се работи за членови и симпатизери вработени преку оваа партија.

Од Мала Речица велат дека токму постоењето на креветот во канцеларијата ја докажува дискриминацијата која според ДУИ ја трпеле дури 76 вработени во ова министерство, кои немале никаква работа во текот на целиот ден, односно државата не им овозможила да им биде доволно комотно додека не работат.

„Сместувањето на десетици жени и мажи во три канцеларии, без столчиња, без работни маси, без компјутери, без елементарни средства и без каков било професионален ангажман, при што се принудени да стојат од 08:00 до 16:00 часот, претставува отворена форма на институционален мобинг и психолошка тортура. Фактот дека овие вработени, за да го преживеат работниот ден, биле принудени да импровизираат седејќи на подот и носејќи ќебиња од дома, претставува државен срам кој го нарушува човечкото достоинство и ги крши сите законски, морални и европски стандарди“, пишува во партиското соопштение.

ВИДЕО: Отпуштените службеници од ДУИ си постелиле кревет во канцеларија, тврди Стоилковиќ

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот