Фото: Фејсбук / Иван Стоилковиќ / скриншот

ВИДЕО: Отпуштените службеници од ДУИ си постелиле кревет во канцеларија, тврди Стоилковиќ

По документирањето на состојбата, тие се испратени да си спијат дома, вели министерот за односи меѓу заедниците, Иван Стоилковиќ

Министерот за односи меѓу заедниците, Иван Стоилковиќ, објави снимка на која, според него, се гледа канцеларија во неговото министерство, онака како што ја оставиле службеници кои во неа работеле, но вчера биле отпуштени.

Со објавата Стоилковиќ одговори на нападите од опозициската Демократска унија за интеграција (ДУИ), која претходно обвини за дискриминација поради тоа што од Министерството за односи меѓу заедниците се отпуштени „седуммина Албанци“.

На видеото се гледа неуредна канцеларија, на чиј под има импровизиран кревет.

„Ова е канцеларијата во Министерството за односи меѓу заедниците, инаку претворена во ова што го гледате, во која „работеа“ вчера отпуштените службеници кои, по некоја случајност се од ДУИ. По документирањето на состојбата, тие се испратени да си спијат дома. Толку!“, пишува Стоилковиќ.

Од ДУИ денеска отпуштањето на седумтемина службеници го оценија како скандалозно.

„Оваа одлука претставува директен удар врз принципите на еднаквост, соживот и правична застапеност и не може да се оправда со невистинити и навредливи изговори за јавноста, како што е тврдењето за таканаречена „дисциплинска мерка“. Во услови кога на вработените им се ускратени најосновните услови за работа – функционални канцеларии, столчиња, техничка опрема и конкретни работни задачи – секоја ваква мерка претставува административна фарса и доказ за однапред умислена дискриминаторска намера“, наведоа од партијата на Али Ахмети.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот