ДУИ: Јавното здравје е натпартиски приоритет

ДУИ / Фото: Архива

Во моментов потребна е победа над вирусот, а не изборна победа, вели Ахмети.

Изборите и кампањата се последни во агендата на нашите приоритети, затоа што сите наши човечки, интелектуални и институционални капацитети ги ставивме на располагање на победа во заедничката борба против вирусот, порача преку партиско соопштение лидерот на ДУИ, Али Ахмети.

Тој вели дека во моментов потребна е победа над вирусот, а не изборна победа.

-Со изборите и кампањата ќе се занимаваме откако ќе ја победиме ова закана кон сите нас и заедно Ве уверувам дека ќе го победиме. Ние сме потполно посветени во справување со ситуацијата со Ковид-19 како и да им помогнеме на нашите граѓани, на лекарите и економијата. Здравјето пред се!, стои во соопштението од ДУИ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот