Државните службеници ќе чистат ѓубре заедно со огранизацијата „Не биди ѓубре“ (Видео)

Владата донесе одлука да организира голема акција за чистење на ѓубре, во која што учество ќе земат вработените во државните институции- рече министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски на денешната прес- конференција во Владата.

-Во сабота на 14 декември сите вработени во државните институции ќе се приклучат на граѓанската иницијатива „Не биди ѓубре“, под мотото „Чистиме со Не биди ѓубре“. Акцијата на чистење ќе се одвива на повеќе локации во Скопје, како и во друугите градови во државата. Во акцијата се очекува да се приклучат над 40 илјади луѓе. Ова ќе биде најмасовна акција за чистење ѓубре, која планираме да стане традиционална, со која што вработените во дрѓавните институции ќе помогнат во зачувувањето на животната средина- рече министерот Манчевски.

Здравствените работници, наставниците, вработените во градинките како и оние кои не можат да отсуствуваат од работното место, ќе го чистат кругот на установите каде работат.

-На овој начин, вработените ќе го надоместат неработењето на 2-ри јануари 2019, кој беше прогласен за неработен за државните институции. Наместо да одат на работа, вработените на 14-ти декември, во периодот од 9:00 до 12:00 часот, ќе помогнат да се исчистат барем некои од загадените локации низ градовите, информира денеска на прес-конференција министерот за информатичко општетсво и администрација Дамјан Манчевски.

Локациите каде што ќе се чисти ќе бидат дополнително објавени заедно до граѓанската организација „Не биди ѓубре“, а ќе биде обезбеден соодветен алат.

– Се надеваме дека на овој начин ќе влијаеме на свеста на граѓаните и локациите ќе останат чисти- рече Манчевски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот