ДРАМА ВО МИЗАНО: Титулата на дофат, Маркез во последниот круг до победа! (ВИДЕО)

twitter.com/SportsbettingEn

Возачот на „Репсол Хонда“ и актуелен светски шампион, Марк Маркез ја забележа и седмата победа на 13 трка оваа сезона за Големата награда на Сан Марино.

Зад Маркез низ целта помина младиот Фабио Квартараро, додека трет беше Маверик Вињалес кој ја имаше пол позицијата.

После самиот старт „во далечина“ се одвоија Квартараро и Маркез и скоро цела трка зад младиот Французин беше повеќекратниот светски шампион.

Но, во последниот круг после еден силен напад на Маркез, ја загуби лидерската позиција и воедно победата на патеката во Мизано.

Со седмиот триумф Маркез направи уште еден голем чекор кон освојување на титулата, сега има 275 бодови, 93 повеќе од Довициозо. Мото ГП шампионатот ќе продолжи наредниот викенд со трката за ГН Шпанија во Арагон.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот