Диди и Александра Шапиро - Фото: John Lamparski / Agency / Alamy / ProfimediaGetty images / Profimedia/

Драма на Менхетн – адвокатката на Диди се обрати до апелациониот суд и побара поништување на пресудата

Адвокатката на Шон „Диди“ Комбс, Александра Шапиро, упати официјално барање до апелациониот суд за поништување на затворската казна на познатиот рапер и продуцент. Таа тврди дека судиите направиле пропуст со тоа што при одредувањето на висината на казната ги зеле предвид и обвиненијата за кои тој претходно бил прогласен за невин.

Шапиро инсистира судот целосно да ја отфрли пресудата за кривични дела поврзани со проституција, нагласувајќи дека не смее да се казнува за однесување кое не е законски докажано како прекршок, пишува „Ројтерс“.

Адвокатка на Диди, Александра Шапиро – Фото:  John Lamparski / Getty images / Profimedia

„Овој случај отвора важно прашање за почитување на одлуките на поротата и довербата на јавноста во нашиот кривично-правен систем — изјави Шапиро пред апелациониот суд на САД – Менхетн, за време на расправата по жалбата на Комбс за пресудата и казната од четири години и два месеци затвор.

Таа во судските поднесоци наведе дека судијата Арун Субраманиан, кој го водеше судењето за сексуални злосторства, не смеел да ги земе предвид доказите дека Комбс ги злоупотребил и им се заканувал на поранешните партнерки при изрекувањето на казната во октомври минатата година.

Диди / Фото: EPA/GUILLAUME HORCAJUELO

Шапиро наведува дека осудата за кривични дела поврзани со проституција треба да биде поништена бидејќи Комбс се товари дека ги набљудувал своите поранешни партнерки како имаат сексуални односи со платена придружба, но дека тој лично не учествувал во тоа. Исто така, таа тврди дека судијата не смеел како отежнувачка околност да ги користи доказите за заканите дека ќе објави експлицитна снимка од пејачката Касандра Вентура (Кеси), ниту заканите за неплаќање кирија на друга поранешна партнерка.

Пи Диди и Кеси Вентура – Фото: EPA-EFE/JUSTIN LANE

Од друга страна, обвинителката Кристи Славик наведува дека судот со право ги зел предвид овие докази, без оглед на тоа што Комбс е ослободен од обвиненијата за трговија со луѓе, бидејќи таквото однесување е релевантно за начинот на кој се извршувале делата поврзани со проституција.

„Според толкувањето на Комбс, Окружниот суд требало да замижи пред начинот на кој тој ги извршувал кривичните дела и ги злоупотребил жртвите“, напиша Славик.

Кога ќе излезе на слобода?

Шон Комбс моментално ја издржува казната во федералниот затвор во Форт Дикс, Њу Џерси. Според податоците на Управата за затвори, предвидено е тој да биде пуштен на слобода на 15 април 2028 година.

Поротата претходно го ослободи од потешките обвиненија за трговија со луѓе со цел сексуална експлоатација и рекетирање. Комбс призна дека ги злоупотребил своите поранешни партнерки, но тврдеше дека тие инциденти биле „семејно насилство“ и дека биле одвоени од сексуалните перформанси, за кои тврди дека биле доброволни.

Луѓето се бесни дека Ашер ја допира Алиша Кис на настапот на Супербол: Сега се огласи и нејзиниот сопруг

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот