Долго криената тајна на Азијките: Поради ОВА нивниот тен е совршен!

Долго криената тајна за совршениот порцелански тен на азиските жени е во една сосема едноставна и на сите достапна намирница!

Азијките важат за жени кои исклучително држат до себе и нивните ритуали поврзани за нега на кожата се многу долги и комплексни, но една работа во нивната бјути рутина опстанала незаменлива веќе неколку векови, а тоа е оризовата вода.

Оризот е намирница која широко се користи во исхраната на луѓето, но неговите благотворни дејства на кожата долго беа ексклузивитет само за жените на тоа поднебје. Значи, во оризот е тајната за блескава и здрава кожа.

 

Некои од благотворните дејства на оризовата вода на кожата се тоа што го избледува и изедначува тенот, ги намалува проширените пори, го забавува стареењето на кожата, ги намалува или целосно ги отстранува флеките од сонцето и лузните, ја омекнува кожата, ја хидрира и ѝ ја овозможува неопходната отпорност.

Освен за кожата на лицето, оризовата вода е многу корисна и за кожата на телото, главата и за косата.

Оризовата вода можете да ја направите така што ќе го сварите оризот во однос 1/3 (ориз 1, вода 3). Оризот варете го на тивок оган половина час, а потоа оставете го да се олади и процедете ја водата која е преостаната.

Натопете ги туферите во оризова вода и распоредете ги по целото лице (може и на вратот) и оставете ги така да отстојат половина час. Потоа кожата измијте ја со млака вода.

Третманот можете да го повторувате еднаш неделно, а вашата кожа ќе биде посјајна, позатегната и блескава.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот