Доктор Елена Арсова, трихолог: Ако ви паѓа косата, витаминот Д може многу да помогне

елена арсова
Фото: Приватна архива

Со оглед на тоа што последниве години многу се зборува за важноста на витаминот Д, стручњаците сакаа да видат колку може да помогне да се спречи опаѓањето на косата – состојба која во моментов влијае на квалитетот на животот кај 80 отсто од мажите и 50 отсто од жените кои имаат околу 50 години.

На ова неминовно се додава и фактот дека тешките инфекции како ковид-19 предизвикуваат физиолошки стрес на нашето тело, што резултира во нарушување на циклусот на растот на косата и со појава на телоген ефлувиум. Телогениот ефлувиум (дифузно опаѓање на косата) најчесто трае три месеци, по што опаѓањето се смирува и почнува растот на нова коса.

Од каде да го добиеме витаминот Д?

Во текот на карантинот, одлуката дали да останеме дома или да излеземе надвор беше многу тешка за сите нас, бидејќи проценувавме дали придобивката од излегувањето на свеж воздух е поголема од ризикот да се заразиме. Сепак, останавме дома и ги почитувавме мерките за ограничување на движењето. Меѓутоа, изложувањето на сонце, кое во овој период на годината го има помалку, има голем број придобивки кои се особено корисни сега, помага во подобрувањето на расположението, во зголемувањето на квалитетот на спиењето и во зголемувањето на нивото на витамин Д и имунолошкиот систем.

Витаминот Д се нарекува витамин на сонцето, бидејќи кожата го создава кога сме изложени на сонце. Витаминот Д има комплексна улога во човечката биологија. Огромен број од нас имаа недостаток на витамин Д дури и пред карантинот, односно пред пандемијата, бидејќи 90 отсто од времето го поминуваме во затворени простории или го избегнуваме сонцето поради ризик од предвремено стареење на кожата и појава на меланом.

Поврзаноста помеѓу витаминот Д и опаѓањето на косата

Недостатокот на витамин Д навистина станува многу чест наод во нашата практика, објаснува д-р Елена Арсова, трихолог од „Hair Clinic Beograd“. А, витаминот Д, покрај бројните придобивки за целокупното здравје, е од големо значење за здравјето и за растот на косата. Недостатокот на витамин Д е поврзан со разни форми на опаѓање на косата, како што се дифузно опаѓање, наследно губење на косата и опаѓање во печати.

Витаминот Д се смета дека има улога во стимулирањето и комплетирањето на циклусот на растот, како и во изградбата на фоликулите. Рецепторот за витамин Д во фоликулот го поттикнува развојот на влакното преку активирање на сигнални патишта. Во недостаток на рецепторите на витамин Д, матичните клетки на фоликулите на влакната не се размножуваат правилно и не можат да формираат влакно. Недостатокот на витамин Д не само што може да биде причина за опаѓање на косата, туку може и да го забрза растот на косата и да го забави обновувањето на косата.

Недостатокот на витамин Д мора да се надополни со соодветна суплементација, но и со намирници богати со витаминот Д. Сепак, за да се обнови косата и повторно да израсне, додадокот на витамин Д не е доволен:. Доволно витамин Д овозможува добра функција на матичните клетки на фоликулите на влакното, но потребно е прво да ги покренеме да работат. Со третманите за стимулирање на растот на косата, можеме да го разбудиме коренот на косата и нејзините клетки и да добиеме нов раст на косата што ќе ја замени изгубената коса.

Во акутни случаи на губење на косата, кои немаат историја на проретчување, ПРП третманот е идеален за брза регенерација на косата и повторно растење на косата. Крвната плазма со своите фактори за раст создава идеални услови за раст и зајакнување на новите влакна. Но, кај лицата што страдаат од губење на косата долго време, а недостатокот на витамин Д го забрзал опаѓањето, потребен е посеопфатен план за лекување кој ќе го земе предвид примарниот проблем. Третманот со мезонити е совршен третман којшто може да го покрене растот на косата и да даде брзи и оптимални резултати во растењето на косата.

Постои силна врска помеѓу витаминот Д и ќелавоста, а претходните студии покажаа дека постои поврзаност помеѓу ниските нивоа на витамин Д и алопеција со лузни, вид на ќелавост што погодува три отсто од машката и женската популација. Оваа состојба се јавува кога фоликулите на косата се трајно оштетени и се заменети со развојот на ткивото со лузни.

Експертите препознаа дека овој витамин дејствува на циклусот на раст на косата, така што витаминот Д е потенцијален терапевтски препарат за оние кои страдаат од прекумерно опаѓање на косата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот