Доколку му го правите ова на средството за дезинфекција, тоа станува неефикасно и залудно го користите!

Течното средство за дезинфекција на рацете среде пандемијата на коронавирусот буквално стана „течно злато”. Се чини дека никогаш не било поважно често да ги миете рацете и да ги дезинфицирате работите кои секој ден ги допирате.

Но, без оглед на тоа колку пати сте го користеле, се обложуваме дека и вие сте направивте една клучна грешка: сте оставиле средства за дезинфекција во автомобилот. А токму во автомобилот, температурата во летниот период е исклучително висока, а тоа е вистинскиот проблем.

Центрите за контрола и превенција на болести (CDC) препорачуваат употреба на средства за дезинфекција кои содржат најмалку 60 проценти алкохол за ефикасно убивање на бактерии. Меѓутоа, средството за чистење на раце на база на алкохол обично содржи етил алкохол кој „испарува на собна температура“.

Значи, ако премногу долго го оставите во топла средина – како возилото – топлината ќе ја намали количината на алкохол, која е активна состојка која убива бактерии и вируси. Така, средството за чистење на раце во основа ќе стане неефикасно.

„Дефинитивно е проблем ако оставите средство за чистење раце во автомобил или генерално на место каде ќе биде изложено на сонце со денови или недели“, изјави д-р Грег Бојс, вонреден професор на Катедрата за хемија и физика на Универзитетот во Флорида.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот