Додик е позитивен на ковид-19

Милорад Додик / Фото: ЕПА

Српскиот член на Претседателството на БиХ, Милорад Додик,  по трет пат беше тестиран за коронавирус. Овој пат тестот е позитивен соопштија од Универзитетско-клиничкиот центар на Република Српска.

Додик има пневмонија на двете белодробни крила

Денес советот на лекари расправаше за неговата здравствена состојба.  

„Забележано е дека тој има потешкотии во дишењето и болки во стомакот. Дијагностицирана е Билатерална пневмонија , а третиот тест за новиот коронавирус е позитивен. Здравствената состојба на г-дин Милорад Додик е стабилна, тој се чувствува добро и прима соодветна терапија “, рекоа од УКЦ РС. 

Советот продолжува да го следи неговото здравје.

Додик беше хоспитализиран на 20 декември во вечерните часови. Лекарите прво тврдеа дека има билатерална пневмонија, но подоцна УКЦ РС соопшти дека тој е во болница поради гадење и проблеми со стомакот.

Додик е во изолација поради контакт со заразено лице

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот