Доаѓа новиот трилер „Hitman’s Wife Bodyguard“ со Рајан Рејнолдс, Селма Хајек и Семјуел Л. Џексон

Instagram

Обожавателите на холивудски трилери ќе имаат шанса да уживаат во нов филм со одлична актерска екипа. Имено, вчера излезе официјалниот трејлер за новиот холивудски блокбастер „Hitman’s Wife Bodyguard“.

Откако беше објавен трејлерот за претстојниот филм, а за само еден ден го погледнале повеќе од 1,3 милиони луѓе.

Во главните улоги се Рајан Рејнолдс, Сeлма Хајек и Семјуел Л. Џексон, а филмот треба да започне да се прикажува во кината ова лето.

Најсмртоносната двојка во светот – телохранителот Мајкл Брајс (Рејнолдс) и платениот убиец Дариус Кинкајд (Џексон) се враќаат во друга смртоносна мисија.

Сè уште без дозвола и под лупа, Брајс е присилен на акција од уште понестабилната сопруга на Дариус, познатата меѓународна измамничка Соња Кинкајд (Хајек).

Додека Брајс го водат неговите двајца најопасни заштитници, триото ќе се заплетка во глобален заговор за наскоро да сфатат дека сите тие стојат помеѓу Европа и одмаздоубивиот и моќен лудак (Антонио Бандерас).

Во филмот ќе се појават и Морган Фримен, Ребека Рајт, Френк Грило, Алис Мекмилан и многу други.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот