Дизелот на „Макпетрол“ ќе се продава за цена три денари пониска од таа објавена од РКЕ

Дизел-горивото на „Макпетрол“ од вечерва по полноќ ќе се продава по цена пониска за три денари од таа објавена од Регулаторната комисија за енергетика. Компанијата уште од вчера ја спушти цената на дизелот за два денари, а со дополнителното намалување, ова гориво од вечерва ќе се продава за вкупно три денари пониска цена.

По промената, дизел-горивото ќе може да се набави за 92,5 денари за литар. И дел од другите горива на бензинските станици на „Макпетрол“ веќе се продаваат за цена пониска од два денари од тие објавени од Регулаторната комисија за енергетика.

Мицкоски вели дека состојбата со горивата е стабилна, Божиновска пак смета дека ценовниот притисок е ублажен

Горивото Еуросупер БС-95 на „Макпетрол“ се продава по цена од 84,5 денари за литар, додека литар Еуросупер БС-98 чини 86,5 денари.

Регулаторната комисија за енергетика вчера ги објави следните цени на горивата: ЕУРОСУПЕР БС-95 – 86,50 (денари/литар); ЕУРОСУПЕР БС-98 – 88,50 (денари/литар); ЕУРОДИЗЕЛ БС – 95,50 (денари/литар).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот