Дивац: На Мундијалот ќе навивам за Босна, а светски шампион ќе биде Бразил
Легендарниот српски кошаркар и поранешен НБА играч Владе Дивац истакна дека на претстојното Светско првенство во фудбал ќе навива за репрезентацијата на Босна и Херцеговина. Бидејќи Србија не обезбеди пласман на Мундијалот, некогашниот прв човек на Олимпискиот комитет на Србија немал дилема кому да му даде поддршка.
Препорачано
„Ќе навивам, не за мојата земја, туку за нашите соседи, Босна. Ги изненадија Италијанците во квалификациите и ќе биде одлично да се гледаат на Светското првенство“, изјави Дивац.
Тој се осврна и на тоа која репрезентација ја гледа како главен фаворит за освојување на титулата.
„Бразил го освојува Светското првенство. Во 95 проценти од случаите победуваат репрезентации од истата хемисфера, а Бразил има најголеми шанси“, додаде поранешниот српски кошаркар.
Дивац е едно од најпознатите кошаркарски имиња од поранешна Југославија. Во НБА лигата настапуваше за Лејкерси, Шарлот и Сакраменто, а по завршувањето на играчката кариера беше прв човек на Олимпискиот комитет на Србија, а подоцна и генерален менаџер на Сакраменто.
Jугославија на СП 2026: Македонија би имала двајца претставници
ВИДЕО | Шампионот на колена, Сапрси по 12 години ќе играат во финалето од НБА
Вембањама добива најголем договор во историјата на Сан Антонио Спарс


