Oклахома - Сан Антонио/EPA/MANUELA SOLDI

ВИДЕО | Шампионот на колена, Спарси по 12 години ќе играат во финалето од НБА

Сан Антонио се пласираше во големото НБА финале, откако во решавачкиот седми натпревар од финалето на Западната конференција славеше на гостувањето кај Оклахома со 111-103 и со вкупни 4-3 во серијата стигна до местото во битката за шампионскиот трофеј.

За Сапрси ова е првпат по 2014 година да играат финале на НБА, тогаш и последен пат се искачија на врвот предводени од легендарните Тим Данкан, Тони Паркер и Ману Џинобили.

Во центарот на вниманието повторно беше Виктор Вембањама, кој постигна 22 поени, додека Џулиан Шампани одигра извонреден натпревар со 20 поени, реализирајќи шест удари за три поени. Сан Антонио уште еднаш ја потврди својата колективна сила, имајќи дури седуммина играчи со двоцифрен ефект во листата на стрелци.

Еден од пресудните моменти се случи во финишот на средбата кога Лук Корнет со атрактивна блокада го запре обидот на Ајзеја Хартенштајн и не дозволи домаќините да се вратат во натпреварот.

На другата страна, актуелниот МВП Шеј Гилџис-Александер запиша 35 поени и девет асистенции, но неговата одлична партија не беше доволна за Тандер да избегне елиминација. Дополнителен проблем за Оклахома беше неиграњето на повредениот Џејлен Вилијамс.

Со поразот на Тандер стана извесно дека НБА лигата ќе добие нов шампион осма година по ред. Во финалната серија Сан Антонио ќе се соочи со Њујорк, а првиот натпревар е закажан за 4 јуни. Спарс ќе имаат можност да ја заокружат новата успешна ера предводена од Вембањама и да стигнат до првата титула по повеќе од десет години.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот