Вембањама добива најголем договор во историјата на Сан Антонио Спарс
Францускиот кошаркарски центар, Виктор Вембањама ги предводеше Сан Антонио Спарс до финалето на НБА, па поради тоа летово ќе биде награден со најголемиот договор во историјата на франшизата.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Вембањама има уште една спектакуларна сезона зад себе и според американските медиуми ќе добие максимален договор во вредност од 251 милион долари за пет години.
Како што пренесува ESPN, договорот ќе биде „побогат“ и ќе вклучи специјални бонуси поврзани со индивидуални награди. Доколку во текот на сезоната 2026/27, Вембањама биде избран во идеалната петорка на лигата, ја освои наградата за МВП или наградата за најдобар дефанзивец на НБА, вредноста на договорот би можела да се зголеми на дури 301 милион долари.
Ова практично значи дека младиот Французин би можел да заработи повеќе од 60 милиони долари по сезона, а дури и повеќе од 70 милиони во последната година од договорот.
Вембањама оваа сезона имаше просек од 25 поени, 11,5 скока и повеќе од три блокади по натпревар, ја освои наградата за најдобар дефанзивец во лигата и за прв пат се најде во идеалната петорка на НБА шампионатот.
ВИДЕО | Шампионот на колена, Сапрси по 12 години ќе играат во финалето од НБА
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
8мин
-
30мин
-
47мин
-
1час
-
2час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


