Дино Мерлин откри во што најмногу ужива: Не ми е гајле за храна и вода, ниту секс

Фото: Insatgram/ dinomerlin

Легендарниот Дино Мерлин годинава распродаде дури 12 арени низ регионот. Викендов тој одржа два од четири концерти во загрепската Арена, а за хрватските медиуми откри во што најмногу ужива.

Имено, Мерлин за „ИнМагазин“ се опиша како нетипична личност, но дека едноставно ужива на концертите.

„Претпоставувам дека им се допаѓам затоа што сум малку нетипичен. Не се чувствувам како ѕвезда, тука сум да го покажам малиот талент што ми е даден, да го споделам со луѓето. Гледам дека на некои им значи многу и тоа е тоа. Нема критичар, новинар или личност која може да ве одведе таму. Не, само природниот тек, таа органска врска, може да го направи тоа. Душата бара друштво и ја затвора вратата. Едноставно сме од иста душа, да ја затвориме вратата и да си раскажеме приказна“, рече тој.

За него концертите се можност за размена на емоции, а откри и во што најмногу ужива. Пејачот истакна дека омилен момент му е создавањето песни.

„Кога ќе почне тој процес, кога сум целосно посветен на тој момент кога за мене нема ништо друго освен тој креативен дел. Не ми е гајле за храна и вода, ниту секс, ништо од тоа. Сето тоа е во позадина. Сето тоа е Б-страната, ова е страната А, кога ќе се појави песната, јас се впуштам во неа. Чудно е некој да објаснува и разбира, но така е“, вели тој.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот