Димитров: Потребна е одлука за отворање на пристапните преговори без одлагање

Со оглед на досегашното македонско патешествие кон ЕУ, за европската перспектива да биде кредибилна, потребна е одлука за отворање на пристапните преговори без одлагање, рече министерот за надворешни работи Никола Димитров.

Со оглед на досегашното македонско патешествие кон ЕУ, за европската перспектива да биде кредибилна, потребна е одлука за отворање на пристапните преговори без одлагање, рече министерот за надворешни работи Никола Димитров кој денеска, на маргините на Минхенската безбедносна конференција, имаше билатерална средба со Екатерина Захариева, заменик претседател на Владата и МНР на Република Бугарија, како и со поранешниот шведски премиер, Карл Билд.

Средбата со Захариева, како што соопшти МНР, беше искористена за подготвителните активности во светло на Берлинскиот процес со кој копретседаваат двете земји и за реализација на утврдените приоритети и настани согласно програмата на заедничкото претседавање.

– Одличната соработка меѓу тимовите на двете земји е во духот на она што е наша главна дипломатска цел – да ги зацврстиме темелите на мостовите што ги поврзуваат земјите од регионот и преку копретседавањето на Берлинскиот процес сите заедно да зачекориме напред. Голема одговорност, но и вистинска шанса и за нас и за Европа, рече Димитров.

Прочитајте и...  Парли: Околу 600 француски војници се заразени со коронавирусот

Шефот на дипломатијата на средбата со Билд кој е актуелен копретседавач со Европскиот совет за надворешни работи во рамки на состанокот организиран од Охридската група, размени мислења за актуелните политички случувања во регионот и европските перспективи.

Прочитај повеќе

Втор викенд со полициски час, празни улици низ Скопје (ВИДЕО)

Слободен печат

Филипче: Располагаме со 4.500 тестови, очекуваме донација од 20.000 китови за тестирање

Слободен печат

Бојаџиев: Инфективното одделение и дежурниот лекар ги запазиле процедурите за коронавирус кај 78-годишниот велешанец

Слободен печат

Спасовски: Ова е и повик до сите наши граѓани – Како никогаш досега е потребна помошта од нас за сите здравствени работници

Слободен печат

Руската помош за Италија не е квалитетна?

Корона криза во доба на роботи: „Каде тргнавте госпоѓо? Лична карта, ве молам!”

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Унгарија подготвува 27 милијарди евра за живнување на економијата

Слободен печат

Во Швајцарија од Ковид-19 починаа 540 лица, во Холандија бројката се искачи на 1.651

Бојана Нојиќ

Внуката на сенаторот Роберт Кенеди и нејзиниот син исчезнаа во водите на Заливот Чесапик

Бојана Нојиќ

Бремената свршеница на Борис Џонсон имала симптоми на Ковид-19

Слободен печат

Охриѓанката Нацева донира маски, ракавици и дезинфекциски средства за полицајците

Слободен печат

Погледнете како изгледа пазарот во Неапол среде пандемија на коронавирус (ФОТО)

Слободен печат