Димитров: Коалицијата „Можеме” на СДСМ води напред, кон повисока минимална и просечна плата, повисоки пензии и грижа за сите

Успеавме да влеземе во НАТО, порача тој и покажавме дека можеме.

На 15 јули имаме клучен историски избор, дали сакаме да одиме напред кон Европа или сакаме да се враќаме назад кон кичот и кон фасадната политика, изјави денеска носителот на листата во ИЕ1 од коалицијата „Можеме”, Никола Димитров.

Успеавме да влеземе во НАТО, порача тој и покажавме дека можеме.

– Доста бевме жртва. Сакаме Европа да ја донесеме дома. Што значи тоа за македонските граѓани коишто ќе гласаат на 15 јули? Тоа значи: повеќе нормалност, повеќе ред, повеќе правда, подобар економски стандард, повисока просечна плата, повисока минимална плата, повисоки пензии, изјави Димитров.

Европа дома, посочи Димиртров, значи и еколошка држава: казни за загадувачите, триплиран бројот на еко-инспектори, во секоја општина комунална еко-полиција со надзор од 24 часа, сто милиони евра субвенции за добри еколошки филтри на индустриските капацитети.

– Меѓу другото и државните институции ќе ги направиме еколошки, енергетски ќе се снабдуваат со топлинска енергија, изјави Димитров.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот