Димитријевиќ повторно дел од Еврокупот, но не во дресот на Хувентуд

Фото: kfsm.mk

Еден од најдобрите македонски кошаркарски репрезентативци и следната натпреварувачка сезона ќе учествува во Еврокупот, но во нова играчка средина, и изменето натпреварување.

По малку изменет формат, со повеќе екипи учесници, вкупно 20, ќе биде следното издание на второто според квалитет натпреварување во Европа, во кое Македонија ќе има свој претставник.

По промената на играчката средина и трансферот во Валенсија од редовите на Хувентуд, Ненад Димитријевиќ останува дел од ова натпреварување.

А нашиот репрезент и неговиот нов шпански клуб ја имаат таа среќа да бидат први носители пред жрепката на двете групи, во кои ќе има по 10 екипи. По првата фаза во која ги очекуваат 18 натпревари, првопласираните осум одат понатаму, во осминафиналниот дел.

Жрепката е закажана за 9 јули, со почеток од 13.15 часот.

ИЗГЛЕД НА „ШЕШИРИТЕ“ ВО ЕВРОКУПОТ

1.ГРУПА: Валенсија, Андора

2.ГРУПА: Промитеас, Локомотив Кубан

3. ГРУПА: Гран Канарија, Хувентуд

4.ГРУПА: Партизан, Будуќност

5.ГРУПА: Виртус Болоња, Лиеткабелис

6.ГРУПА: Цедевита Олимпија, Тренто

7.ГРУПА: Булоњ, Бурж

8.ГРУПА: Улм, Турк Телеком

9.ГРУПА: Тофаш, Хамбург

10.ГРУПА: Венеција, Сласк Вроцлав

Македонскиот кошаркар Симиќ и Барселона се јуниорски шампиони на Шпанија

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот