Македонскиот кошаркар Симиќ и Барселона се јуниорски шампиони на Шпанија

Фото: kfsm.mk

Фантастичен реванш на тимот од „Блауграна“ против најголемиот ривал – Реал Мадрид, неверојатни (102:63) во финалето.

Реванш, и тоа каков, направија младите кошаркари на Барселона против својот најголем ривал во историјата на шпанските и европските натпреварувања – Реал Мадрид.

Каталонскиот состав имаше едно нереално второто полувреме особено во дефанзивата. Или 20 минути во кои македонскиот репрезентативец Теодор Симиќ и неговите соиграчи му дозволија на мадрискиот тим да реализира само 20 поени. За голема победа, изразена со уште поневеројатни (102:63) и титула јуниорски првак на Шпанија.

Симиќ беше дел од победничкиот мозаик на екипата од „Блауграна“. Нашиот играч одигра нешто повеќе од девет минути во кои реализираше четири поени, и по еден скок, односно асистенција.

За заборавање на оние 40 минути на евролигашкото финале во Келн, и огромна радост по освојувањето на оваа, уште поважна титула, шампионската во Шпанија!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот