Гордана Димитриеска Кочоска во интервју на МРТВ / Фото: Фејсбук / МРТВ

Димитриеска Кочоска ни порачува да спиеме мирно – на Владата ништо не ѝ било поважно од стандардот на граѓаните

Владата будно ги следи цените на нафтените деривати и на основните производи и за неа нема ништо поважно од стандардот на граѓаните, уверува министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска.

„Кај нас, во моментов, нема недостиг на нафта и нафтени деривати. Граѓаните можат непречено да снабдуваат гориво, што значи дека нема основ за воведување рестриктивни мерки од тој тип. Во однос на цените, тие и понатаму се пониски во споредба со дел од регионот, што е особено важно за стандардот на граѓаните. Затоа не можеме механички да ги преземаме мерките од други земји, без да ја земеме предвид нашата реална состојба” рече министерката во интервју на МРТВ.

Министерската нагласи дека за Владата најважно било да не се наруши стандардот на граѓаните, но и не пропушти да го спомене „наследениот долг“ како пречка за отпорноста на државата кон економските кризи.

„Во услови кога вие сте наследиле огромен долг, не можеме да зборуваме за не знам каква отпорност. Но, секогаш постои правилото што ни е нас приоритет. Нас ни се приоритет граѓаните. Во такви услови, владата секако дека ќе реагира и ќе преземе соодветни мерки“, рече министерката.

Околу општите поскапувања на храната, на маслото за јадење и јајцата, Димитриеска Кочоска рече дека не биле резултат на геополитичките превирања, туку на „движењата на светските цени на суровините“.

Повеќе бензиски пумпи по 22 часот не точат гориво

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот