Џенифер Анистон последните 80 долари ги потрошила на аудицијата за „Пријатели“ – Улогата ја издигна во Холивуд, а денес е една од најплатените актерки (ФОТО)

Фото: Профимедиа/Инстаграм

Славната актерка за малку ќе се откажала од актерската кариера кога последните пари ги потрошила на сет фотографии со кои се појавила на аудицијата за серијата која ја прослави…

Фото: Инстаграм

Американската актерка и продуцент Џенифер Анистон (51) имала само 80 долари на сметката и речиси се откажала од својата актерска кариера, пред да ја добие улогата на својот живот во серијата „Пријатели“, со која се прослави и стана холивудска ѕвезда.

Фото: Принтскрин/Јутјуб

Имено, Џенифер е денес една од најплатените актерки во Холивуд, а некогаш преживувала благодарение на тоа што работела како келнерка и продавачка на сладолед.

Фото: Инстаграм

Како 25-годишна девојка во 1994 година одлучила да оди на аудиција за улогата на Рејчел Грин, која ја доби и потоа животот и се промени.

Фото: Принтскрин/Јутјуб

Своите последни 80 долари ги потрошила на сетот фотографии со кои се пријавила на аудицијата за серијата, а по добиената улога се стекнала со милиони долари.

Фото: Профимедиа

– Бев келнерка две ипол години, а работев и како продавачка на сладолед. Одев на бројни аудиции, но ништо не ми одеше од рака – откри Џенифер.

Фото: Инстаграм

Нејзиното богатство денес се проценува на 300 милиони долари, таа на почетокот на снимањето на серијата добивала по 20.000 долари по епизода, а до крајот на 10-та сезона заработувала по еден милион долари по епизода.

Фото: Профимедиа

16 години по завршувањето на снимањето, Џенифер и нејзините колеги и денес заработуваат околу 20 милиони долари од репризирањето на серијата ширум светот поради авторските права.

Фото: Профимедиа

Да се потсетиме, со влегувањето во холивудскиот свет, таа го запозна и се омажи за еден од најпопуларните актери во светот Бред Пит (56) со кој беше во брак од 2000 до 2005 година, а обожавателите и денес навиваат поранешниот златен пар повторно да биде заедно.

Фото: Инстаграм

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот