Џеј Ло за неколку дена ќе наполни 51 година, но оваа фотографија нема да ви дозволи да поверувате во тоа (ФОТО)

Фото: Инстаграм

Дека Џенифер Лопез има тело од соништата, одамна е познато, но последната фотографија докажува дека ниту домашната изолација, долгиот престој во карантин и големата општа неактивност на луѓето во светот не влијаела на нејзината беспрекорна линија.

Пејачката која за осум дена ќе го прослави 51-от роденден ја рекламира својата линија на чевли, а за оваа кампања Џеј Ло позираше во минијатурен кожен комплет. Фановите останаа збунети, но и воодушевени од нејзините облини, совршените стомачни, но и затегнатите бедра.

Фото: Инстаграм

Фотографијата досега собра повеќе од милион и двеста илјади лајкови, а веруваме дека оваа сума ќе биде двојно поголема.

Погледнете што вели таа за својата линија на чевли, а во меѓувреме уживајте во нејзиното совршено тело…

Видео на денот