„Депресивно е…“: Бред Пит возврати откако неговиот син брутално го навреди

Фото: EPA-EFE/TERESA SUAREZ

Деновиве се прошири веста дека Пакс, посвоениот син на Бред Пит и Анџелина Џоли, во објава на неговиот инстаграм-профил пред три години жестоко го нападнал својот татко, нарекувајќи го „шуп*к од светска класа“.

Имено, на Денот на таткото пред три години, Пакс споделил подолг текст во кој го напаѓа Бред. Тој на својот приватен инстаграм-профил објавил фотографија во која искрено зборува за односот со актерот. Но, сè уште не е познато кога дошло до конфликтот меѓу Бред и неговиот син.

„Среќен Ден на таткото, на овој шуп*к од светска класа. Секој ден покажуваш дека си ужасна личност. Немаш ни грам емпатија за твоите четири помали деца, кои треперат од страв кога се околу тебе. Никогаш нема да разбереш колкава штета нанесе на ова семејство бидејќи не си способен за тоа. На сите ни го направи животот пекол. Можеш да си кажеш себеси и на светот што сакаш, но вистината ќе излезе на виделина“, напишал Пакс покрај фотографијата од Бред како го држи Оскарот.

Откако неговата изјава се прошири низ социјалните мрежи и медиумите, сега светските таблоиди ја пренесуваат наводната реакција на актерот.

Оваа содржина која е стара три години протекува дури сега во медиумите, а како што дознава „Сан“ од своите извори актерот е длабоко погоден од овие зборови и е „депресивен“ поради тоа.

„Бред многу ги почитува сите свои деца и депресивно е да се гледа како ова проаѓа. Фрустрирачки е да се види дека Бред е прикажан како некој вид „лоша личност“, бидејќи тоа е далеку од вистината. Тој реши достоинствено да молчи, а тоа доволно говори“, изјавил изворот за „Сан“.

Бред и неговата поранешна сопруга Анџелина Џоли имаат шест деца. Тие ги посвоија Пакс, Медокс и Захара, а имаат и биолошки деца Шајло и близнаците Нокс и Вивиен.

Потсетуваме, по експлозивна расправија во приватен авион пред децата во септември 2016 година помеѓу Бред и Анџелина, во која Бред наводно пијан го нападнал Медокс, на бракот му дојде крајот.

Тие се разделија само две години по приватната свадбена церемонија во Франција, при што децата останаа со својата мајка, иако имаше промени во старателството. Во моментов Бред може само да ги посетува децата. Иако, според некои извори, тој не е виден со нив.

Овој светски познат актерски пар се запозна на снимањето на филмот „Г-дин. и г-ѓа Смит“ во 2005 година, додека Пит сè уште беше во брак со Џенифер Анистон.

Бред Пит ѝ подарил на Џенифер Анистон вила за нејзиниот 50-ти роденден: Платил цело богатство за неа

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот