Дениз Ричардс и Арон Фајперс/Фото: Профимедиа

Дениз Ричардс повторно во конфликт со поранешниот сопруг: Актерката одбива да му даде половина од заработката на „Онлифенс“

Дениз Ричардс го моли судијата да го отфрли барањето на нејзиниот поранешен сопруг Арон Фајперс за да добие половина од нејзината заработка од платформата „Онлифенс“, тврдејќи дека го пропуштил клучниот рок за поднесување.

Според судските документи до кои дојде „ТМЗ“, Ричардс тврди дека Фајперс сè уште не доставил ажурирани записи за приходи и расходи, и покрај рокот до петок. Одлуката на судот сè уште се чека.

Фајперс поднесе барање за развод од Ричардс минатата година во јули по шест години брак. Тој тврдеше дека има право на половина од заработката на Ричардс од популарната платформа за забава за возрасни. Во документите Фајперс тврдеше дека „ѝ помогнал на Ричардс во развојот на нејзиниот профил на „Онлифенс“ и „побарува права на интелектуална сопственост на повеќето, ако не и на сите фотографии објавени таму“.

Во истите документи, тој проценил дека нејзиниот профил, лансиран во 2022 година, би можел да донесе до 280.000 евра месечно. Иако Ричардс не откри конкретни износи, во интервју за списанието „Пипл“во февруари 2025 година таа рече дека бизнисот е „многу профитабилен“.

Во октомвриската пријава, Фајперс исто така тврдеше дека Ричардс „го лишила од пристап до заедничкиот приход што го генерирале заедно“, барајќи од судијата да му го додели правото на половина од заработката од „Онлифенс“ бидејќи, тој ги поседува авторските права за објавените фотографии.

– Верувам дека ова не е прашање на алиментација, туку прашање на имот поврзано со заеднички бизнис потфат –  додал тој.

Тој исто така тврдеше дека бил во тешка финансиска состојба, со заостанување на киријата и другите трошоци. Овие изјави беа потврдени во декември, кога тој и Ричардс, кои веќе се иселиле, беа избркани од нивниот изнајмен дом во Калабасас поради долг од 77.000 евра кирија.

Во јануари, семејството на Фајперс започна онлајн кампања за собирање средства. Фајперс постојано ги негираше обвинувањата на Ричардс за злоупотреба за време на нивниот брак.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот