twitter.com/DailyAFC

Дени Велбек го напушти Арсенал, но остана во Премиер лигата (ФОТО)

Велбек (28) последните пет сезони беше играч на „топчиите“, а потоа го доби и статусот на слободен играч откако му истече договорот со клубот.

За Арсенал одигра вкупно 126 натпревари и постигна 32 голови. Минатата сезона имаше големи проблеми поради повреда, па имаше „само“ 14 мечеви и пет погодоци.

Менаџерот Унаи Емери не му понуди продолжување на соработката, но ќе продолжи англискиот репрезентативец да игра во Премиер лигата.

Официјално напаѓачот потпиша договор на три години со Ватфорд кој ланската премиерлигашка сезона ја заврши на 11 позиција.

Пред доаѓањето на „Емирати“, шест години беше дел од Манчестер јунајтед (142 настапи, 29 голови), а беше и на позајмица во Престон Норт Енд и Сандерленд.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот