Демократски сојуз: Да се свика итна седница на Парламентот

Нема никаква основа Талат Џафери и натаму да се спротивставува да свика седница на Парламентот и на тој начин да оневозможува Парламентот да биде вклучен во надминување на кризата од пандемијата, се вели во соопштението на ДС.

Демократскиот сојуз предлага Претседателот на државата, Владата и најмалку 20 пратеници, да побараат да се свика итна седница на Собранието на Република Северна Македонија, на која ќе се расправа за вонредната состојба причините и ефектите од воведување на истата, потребата од продолжување, како и за мерките кои се преземаат за спречување на коронавирусот Ковид-19, поставеноста и дејствувањето на здравствениот систем, функционирањето на безбедносниот систем и економските аспекти на кризата.

„Парламентот треба да отвори и сериозна расправа за издржаноста и оправданоста на мерките, подготовките за олабавување на истите, дали постои план за постепено активирање на бизнисот, враќање на животот во нормала, заштитата на човековите права и сл.

Демократскиот сојуз укажува дека согласно Уставот на Република Северна Македонија, Законот за Собранието и Деловникот (член 5) за работа на Собранието, Собранието е во постојано ЗАСЕДАНИЕ и МАНДАТОТ на пратениците трае се до верификација на мандатот на новоизбраните пратеници“, соопштуваат од ДС.

Според ДС не постојат уставни и законски пречки да се свика Парламентот, но политички постојат, поради тоа што голем дел од актуелните пратеници не се на кандидатските листи за пратеници. Можеби е тоа мотивот за блокада на Парламентот, велат од Партијата.

Инаку нема никаква основа Талат Џафери и натаму да се спротивставува да свика седница на Парламентот и на тој начин да оневозможува Парламентот да биде вклучен во надминување на кризата од пандемијата, се вели во соопштението на ДС.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот