Делта сојот е 97% застапен кај новозаразените во Германија

Вакцинација против коронавирусот во Германија
Фото: EPA-EFE/SASCHA STEINBACH

Позаразната делта варијанта на коронавирус сега сочинува околу 97 проценти од новите случаи на Ковид-19 во Германија, објави во петокот германската државна агенција за контрола на болести.

Институтот Роберт Кох потврди уште 3.448 случаи на коронавирус во последните 24 часа и дека бројот на случаи повторно се зголемува.

Здравствените власти третиот ден по ред регистрираат над 3.000 нови инфекции, за прв пат од јуни.

Според податоците на овој институт, бројот на нови случаи е особено зголемен кај тинејџерите и помладите возрасни лица.

Во Германија има 29.900 активни случаи на Ковид-19 и покрај големото зголемување на бројот на случаи во последните недели, бројот на хоспитализации и смртни случаи остана релативно низок, во споредба со првиот и вториот бран на пандемијата.

Во петокот беа регистрирани 24 смртни случаи поврзани со коронавирус, а 393 сериозно болни пациенти со коронавирус во моментов се лекуваат во одделенијата за интензивна нега.

Германија неодамна ја засили кампањата за вакцинација и постигна значителен напредок. Според податоците од четвртокот, 45 милиони луѓе во Германија или 54,1 проценти од населението се целосно вакцинирани, а повеќе од 51,8 милиони луѓе или 62,2 проценти од населението примиле барем една доза.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот