Делови на Сиднеј се во локдаун, откриено е ново корона – жариште

Сиднеј, Австралија / Август 2020 / Фото: EPA-EFE/JOEL CARRETT AUSTRALIA AND NEW ZEALAND OUT

Властите во Сиднеј, Австралија, денеска наредиле делови од градот да се затворат, откако во источните предградија се појавила група на заразени лица, што пораснала на 65 случаи.

Жителите на четири области и луѓето кои работат во нив мора да останат дома освен ако „не е апсолутно потребно“, рече премиерката на Нов Јужен Велс, Гледис Берејиклијан, откако објави дека здравствените власти регистрирале 22 нови случаи по последниот извештај.

Важни причини за напуштање на домот се одење на работа или за образование, шопинг, здравствена заштита или вежбање на отворено.

Здравствениот службеник Кери Шант вели дека е наредено да остане дома за да им се олесни на властите да пронаоѓаат нови инфекции.

Државата Нов Јужен Велс регистрира 5.507 случаи на инфекција и 56 смртни случаи од почетокот на пандемијата. Во моментов, 56 лица се лекуваат од ковид-19, а едно лице е на интензивна нега.

Австралија досега успеа да ја задржи пандемијата под контрола со примена на многу строги мерки, вклучително и затворање на меѓународните граници од март 2020 година со неколку исклучоци.

Земјата има вкупно над 30.400 случаи на инфекција и 910 смртни случаи од почетокот на пандемијата.

Но, има сè повеќе критики за бавното темпо на вакцинирање и се повеќе реакции за затворените граници. Австралиската влада објави дека не очекува прекин на забраната за меѓународни патувања до 2022 година.

До вчера биле дадени вкупно нешто помалку од 7 милиони дози на вакцини во земјата со 25 милиони жители.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот