Дел Пјеро би можел да биде новиот претседател на „Старата дама“!?

epa06733665 Ex Juventus player Alessandro Del Piero before the Serie A soccer match between AS Roma and Juventus FC at the Olimpico stadium in Rome, Italy, 13 May 2018. EPA-EFE/RICCARDO ANTIMIANI

Поранешниот капитен на „Старата дама“ е еден од кандидатите за прв човек на клубот од Торино, пренесуваат италијанските медиуми. Според „Месаџеро“, Алесандро Дел Пјеро би можел од следната сезона на функцијата претседател на Јувентус да го замени Андреа Ањели.

Ањели беше еден од основачите на Европската Суперлига, проект кој пропадна само 48 часа по објавувањето, после притисокот од јавноста и навивачите.

Ањели, наводно, нема намера да поднесе оставка во Јувентус, но акционерите предводени од Џон Елкан би можеле да го отпуштат за време на состанокот на 27 мај.

Легендарниот фудбалер на Јувентус, Дел Пјеро не е единствениот кандидат за претседател на „црно-белите“, бидејќи се шпекулира дека во игра се и Алесандро Наси и Марчело Липи.

На почетокот на овој месец, поранешниот напаѓач на „Старата дама“, Давид Трезеге навести дека можно е тој и Дел Пјеро да се вратат во торинскиот клуб. Дел Пјеро моментно работи како консултант за „ЕСПН“.

Зошто не успеа Суперлигата: Ние во Европа израснавме поинаку од Американците

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот