Фото: „Слободен печат“ / Драган Митрески

Дел од Дебар Маало во среда ќе биде без струја, на една улица ќе нема и вода

Поради изведување планирани технички зафати во дистрибутивната мрежа, утре без електрична енергија ќе останат делови од општина Центар во Скопје, информира ЕВН.

Прекинот е најавен за дел од улицата „Наум Наумовски Борче“, како и за улицата „Ленинова“ на потегот меѓу булеварите „Партизански одреди“ и „Илинден“.

Според најавата, прекинот ќе трае од 7 до 9 часот наутро.

Од 9 часот, пак, луѓето кои живеат на улицата „Црвена Вода“ (во близина на пекарницата „Силбо“) ќе немаат вода во домовите, поради отстранување на дефект во водоводната мрежа.

„На ден 22.04.2026г. (среда), поради изведување на водоводен приклучок на водоводна мрежа со пречник одФ 80мм. на улица 20-ти Октомври бб, од 10:30 часот до завршување на работните активности. прекинато водоснабдување ќе имаат дел од корисниците на истата улица. (Општина Центар)“, соопшти „Водовод и канализација“.

Како на филм — насилници во Демиркаписко грабнале момче и го тепале во шума, го терале да признае дека силувало жена

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот