Дејан Георгиевски по бодови за олимписка норма на Интернационалниот таеквондо турнир „Скопје опен“

фото: facebook.com/darkokostovski

Како што се најавува, во СРЦ „Јане Сандански“ – Скопје, на 8 и 9 април ќе се организира Г1 Интернационалниот таеквондо турнир „Скопје опен 2023“.

Ова е елитно таеквондо натпреварување со олимписки дух за првпат во Македонија. Г1 турнир кој носи бодови за остварување олимписка норма.

Се повикуваат фановите да дојдат во поголем број особено на 9 април (недела) со почеток од 09.00 часот кога нашиот најдобар таеквондист Дејан Георгиевски (категорија +87 кг) кој собира бодови за учество на следните Летни олимписки игри 2024 Париз.

Георгиевски ќе се бори за нови олимписки бодови против елитни борци од Јордан, Турција, Кина, Хрватска, Грција.

На овој турнир ќе има голем број олимписки, светски и континентални медалисти од целиот свет, генерално станува збор за елитно олимписко натпреварување кое е вистинска реткост во нашата земја.

фото: facebook.com/darkokostovski

Покрај Георгиевски, во сениорска конкуренција ќе настапат и Анамарија Георгиевска, Филип Додевски, Филип Стаменов, Фросина Рајковска, Иво Сандев, Мила Рељиќ и Сања Попоска.

Во јуниорска конкуренција ќе настапат Андреј Василевски, Дамјан Рајковски, Дарко Ѓорѓиев, Давид Божиновски, Филип Блажевски, Христијан Симоновски, Лука Ангелов и Сара Рамадановска Јовановска, а во кадетска конкуренција Антонио Негријевски, Дамјан Василевски и Стефан Димовски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот