Дедо и баба станаа хит кога покажаа како пијат алкохол во гаража за време на карантинот (ВИДЕО)

На многумина седењето затворени дома им паѓа многу тешко, но овие баба и дедо нашле одличен начин за забава во изолацијата.

Тие двајца се одлучија да постават нов предизвик за креативно пиење на алкохол, а и сами го снимија нивниот пример.

Тие лименките со пиво ги прицврстија на автоматската врата од гаражата и ја активираа. Како вратата се отвараше, така пивото почна да тече, а тие да пијат. На крајот излезе дека повеќе се натопија отколку што испија, но се чини дека им беше многу забавно.

Тие покренаа предизвик наречен “covidchugchallenge” со кој ги повикаа и другите луѓе да испратат свои видеа, но и да донираат пари во борбата против коронавирусот.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот